УХМР метео најава: Утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места поројни и пообилни (над 20 л/м2) проследени со силен ветер (над 70 км/час). На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.Поради продор на многу студена воздушна маса од север утре попладне ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови и ќе услови значително заладување. Во деновите од викендот ќе биде многу студено со врнежи од снег. На планините ќе се зголеми снежната покривка.Утринските температури на места ќе се спуштат и до минус 12 степени, а и дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.

