Венко Филипче – “Најстарата зграда на Интерни клиники после 70 години доби комплетно нов лик! Интернистичкиот блок го реновиравме независно што работеше во полн капацитет со КОВИД пациенти. Со намалувањето на бројот на ковид позитивни болни кои бараат болничка нега и терапија, дел од ковид центрите ги затворија и тие продолжија со нормалната динамика на работа. На состанокот директорите од интерно изразија задоволство дека имаат нормални услови за работа, а пациентите достоен третман до лекување.”





