Од Македонијапат известуваат дека од 18.50ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.Од 18.30ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.Од 18.15ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар.Од 18.20ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Г.П. Деве Баир.Од 17.00ч поради врнежи од снег и ниски температури на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан се воведува забрана за сообраќај на тешките товарни возила. За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.Поради врнежи од снег и ниски температури се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.Поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.