ДЕЈВИД БОУВИ, ЕСМА РЕЏЕПОВА, „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ И ГРУПИТЕ „КВИН“, „ЛЕБ И СОЛ“ И „ЛЕВА ПАТИКА“ ЌЕ ДОБИЈАТ УЛИЦИ ВО СКОПЈЕ, ГРАДОТ ЈА ОБЈАВИ ЛИСТАТА СО 571 ИМЕ

Пејачот Дејви Боуви и групата „Квин“ ќе добијат улици во Скопје. Улица ќе биде крстена по групите „Леб и сол“, „Лева патика“ и „Мизар“, по Есма Реџепова, како и по филмот „Медена земја“. Град Скопје денеска ја објави листата од 571 име на личности, градови, места и историски личности според кои ќе се именуваат улиците, плоштадите и парковите во градот.

Во листата е и новинарот Никола Младенов, пејачката Вања Лазарева, архитектот Живко Поповски, спортистите Благоја Георгиевски-Буштур, Атина Бојаџи, како и заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи. Во листата се и писателите Славко Јаневски, Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Владо Малески.

Се предлага еден плоштад да се вика „Вера надеж и љубов“, а улица да биде крстена и според местото Нивици каде беше потпишан Договорот од Преспа.

Целата листа погледнете ја на линкот

„Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња. Со ова дополнување на листата предвидено е да се зголеми бројот на имиња на женски личности и настани кои оставиле белег во историски и културен контекст, како и на припадниците на немнозинските заедници кои живеат во Скопје, но и на бројот на топоними со регионално и светско значење. Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности од кои 79 се имиња на жени, додека пак останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими. Во дополнувањето на листата вратени се и имињата на улиците од периодот на солидарноста и изградбата на повоено Скопје, а кои беа отстранети со претходни одлуки на Советот на градот“, се вели во образложението на Град Скопје.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s