Пејачот Рики Мартин со својот нов изглед ги изненади своите скоро 15 милиони следбеници на Инстаграм.
Тој го привлече вниманието на многумина со новите објави на својот профил. Рики, кој блескаше и ја запали светската музичка сцена во 90-тите години, собра над 14.000 коментари на фотографија со бела брада.
„Изгледаш како Дедо Мраз“, му напишаа некои, додека други му ласкаа на ѕвездата. „Започна нов тренд“, заклучиле тие. Рики позираше и со Греми наградата што ја добил за албумот Pausa, но сето тоа паднало во втор план поради неговата брада.
Рики Мартин скрши срца на многу жени во 2010 година кога открил дека е хомосексуалец.