Со песната “Седум Осмини” премиерот Заев се прости со Балашевиќ

„Седум осмини“, во која големиот Ѓорѓе Балашевиќ го споменува Скопје, каде повеќе пати публиката го следеше во Универзалната сала, е песната која премиерот Зоран Заев ја објави на својот профил на Фејсбук во чест на балканската легенда.

-Балканот вечерва тагува за Балашевиќ. Но напуштањето на Ѓорѓе е само физичко, неговиот дух е толку голем и исткаен во неговата музика, тој никогаш нема да избледи ниту да биде заборавен. Piči mi srce sedam osmina, U glavi taman kao od vina Opet sam tu u Skopju svoj na svome, milo mome, Ne da se ova stara mašina Cipela cupka sedam osmina, Stihovi klize kao zlatne ribe, mojto libe. Балашевиќ беше повеќе од уметник. Неговите заложби за подобро општество издигнаа многу генерации кои денес ги живеат вредностите и слободите за кои непоштедно се посвети. Мир и слобода.Ни остави големо наследство. Музичко. Општествено. Културно. Човечко. Слава му, напиша во емотивната порака премиерот Заев.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s