Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, заедно со градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов ја посетија словенечката фабрика „ТАБ МАК“ за оловно-киселински акумулатори во Пробиштип.
Оваа компанија од индустриската дејност дури 97 проценти од производството го пласира на странскиот, главно европски пазар. Компанијата „ТАБ МАК“ произведува стартер акумулатори за сите видови возила, како и тракциски ќелии, односно акумулатори за виљушкари.




Премиерот Заев истакна дека оваа компанија од индустриската дејност, дури 97 проценти од производството го пласира на странскиот, главно европски пазар. „Од разговорите со менаџментот добивме информација која дава мотивација дека состојбата во секторот е стабилна со тенденција за натамошен раст и развој. Пандемијата секако дека имаше влијание на производството во првата половина на 2020 година, како и во целиот свет, но „ТАБ МАК“ успеа до крајот на 2020 година да надополни со вкупно производство на стартер акумулатори од 1,5 милиони парчиња, што е 5% повеќе во однос на претходната 2019 година.