Пемиерот Зоран Заев својот дел од Хесенската мировна награда, која ја доби со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, во висина од 12 500 евра, ја донираше во Солидарниот фонд за справување со ковид-19, посочи министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук и изрази благодарност за донацијата.
„Во свое лично име, во име на Министерството за здравство и сите оние кои се на првата линија во борбата со Ковид-19, упатувам благодарност до премиерот Зоран Заев за неговото лично учество во оваа заедничка акција. Огромен број заедници, компании, но и индивидуалци се приклучија преку оваа иницијатива во заедничкото справување со планетарната криза. Солидарноста е клучна во периодот кој следува и нашето општество мора да функционира како едно“, напиша Филипче.