Премиерот на Фејсбук: “На денешната седница за пратенички прашања, најавив нови инвестиции и отворање нови работни места во Северна Македонија. Во Неготино купена е фабрика за кабли којашто не работеше години и години, од турска компанија за 6,5 милиони евра;
Дрекслер Мајер најавија инвестиција во Куманово за нови 2.000 вработувања и нов погон во Кавадарци;
Кромберт и Шуберт доби цела нова линија на „Мерцедес“, којашто ќе значи ангажман на 1.600 работници и бараат локација за нова фабрика во државава;
Со 9 други компании во моментов преговараме за да инвестираат.Дополнително, со развојната компонента на петтиот пакет економски мерки, се јакнат приходите на фирмите, се зголемува извозот, се отвораат погони и нови работни места, се зголемува иновативноста на компаниите и компетитивноста на нашите прозводи во светот.”