Откако ја однесе македонската репрезентација на историски настап на едно Европско првенство, Горан Пандев доби уште една голема чест.
На некои од пакетчињата кои веќе почнаа да се продаваат во Велика Британија, го има капитенот на нашата селекција кој со безмалку 38 години, ќе биде меѓу највозрасните на овој шампионат.
Сите со нетрпение чекаме да излезе албумот на “Панини“ со сликичките за да можеме за првпат и ние да собираме сликички од нашите ѕвезди како Пандев, Адеми, Ристовски, Барди, Елмас, Николов и останатите..
