Заев на Фејсбук “Повеќе од 30% од произведената македонска енергија е од обновливи извори – блиску сме до европскиот просек. Со инвестиции во обновливи извори на енергија се стремиме да постигнеме повеќе од 50% од севкупното производство на енергија да биде од обновливи извори.
Сите нови објекти во кои инвестира државата се енергетски ефикасни, но тенденцијата е да преминуваат кон комплетна замена на системот со енергетски ефикасни системи.
Максимално користиме поставување на фотонапонски централи на крововите на објектите, во некои државни институции се поставуваат геотермални пумпи, сѐ повеќе се воведува природниот гас со конечна цел, нафтата и мазутот да не се користат.”