Мојот бербер Martin Pocevski Karadak од Крива Паланка е дестинација непроменета цели 30 години, истакна вицепремеиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
„Нашата татковина претставува ризница на стари и уникатни занаети. Занаетчиството ја негува традицијата, а занаетчиите со макотрпна работа и целосна посветеност се чувари на нашата култура. Занаетот се пренесува од колено на колено и создава вековни вредности“, посочи Николовски.
Николовски нагласи дека Владата на РСМ ги опфати занаетчиите во пакетот мерки за финансиска поддршка во време на пандемија, како еден од погодените сектори од корона кризата.
„Како важна алка во општеството преку субвенции и грантови ги поддржуваме занаетчиите да се развиваат, растат и да го афирмираат својот производ“, потенцираше Николовски.