Познатото музичко дуо Дац и Александар кои во текот на пендемијата ги забавуваат своите фанови он-лајн овој пат приредија оригинален музички подарок за жените по повод 8. Март.
„Ние секојдневно подаруваме љубов…
А денес, нека бидат тоа 8 минути за 8 март…
Малку внимание за сите жени, од Дац и Александар и нашите пријатели ❤️
Среќен 8 март ❤️“ – велат тие.
– Жената се слави 365 дена, не само на 8 март Порано се пееја серенади под пенџер, а сега дојде време да се пее само преку Zoom или Skype.. – стои во нивната објава.