(Видео) Вицепремиерот Битиќи и вицепремиерот на Црна Гора, Абазовиќ ја посетија визбата “Тиквеш”

Утрово вицепремиерот Битиќи и потпретcедателот на владата на Црна Гора,  Дритан Абазовиќ, одржаа билатерална средба и заедничка прес-конференција на која што зборуваа за продлабочување на меѓусебната економска соработка преку искористување на капацитетите на двете земји. Вицепремиерот Битиќи особено се осврна на регионалната соработка за зголемување на конкурентноста на земјите од Западен Балкан.

„Регионалната  конкурентност е клучот кој ја отвора вратата за просперитет на Западен Балкан. Регионална конкурентност наместо регионална конкуренција! Ова е нашата иднина.” – истакна на заедничката прес – конференција Битиќи.

Битиќи и Абазовиќ се упатија во посета на компанијата „Тиквеш”, македонски бренд со успешна домашна приказна, но и амбасадор на македонското вино и надвор од границите на Република Северна Македонија.

Вицепремиерот Битиќи и потпретседателот на Владата на Црна Гора Абазовиќ извршија обиколка на производствените капацитети на „Тиквеш”, каде што се запознаа со историјата на самата компанија, но и со технологијата на производството.

Во текот на посетата, Вицепремиерот Битиќи и потпретседателот на Владата на Црна Гора Абазовиќ разговараа и за потенцијални нови можности за соработка помеѓу двете земји, потенцирајќи дека и двете земји располагаат со големи природни богатства, коишто се претвораат во квалитетни производи кои можат да бидатконкурентни на регионалните, европските и светските пазари.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s