Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека нашата земја побарала помош за вакцините од единствениот наш жив Нобеловец, Ферид Мурад, кој бил во бордот на „Фајзер“, но тоа било залудно.
Се јавувавме секаде, по служби, по држави, по поранешни дипломати, сегашни дипломати. Пред два месеци добивме информација од наши извори дека единствениот наш жив Нобеловец Ферид Мурад е во бордот на „Фајзер“.
Дојдовме до него, се обративме, да помогне. Практично сите ги користеле тие приватни релации, сите земји.
И во контекст на ова израелскиот премиер вели: „Благодарам на главниот на Фајзер што не ги заборави своите Евреи и еврејскиот народ“.
Така што сите имаат користено свои контакти, само што предност имаат големите земји – изјави Пендаровски.