СДСМ го поддржува предлогот на ДПМНЕ пратеници да имаат само македонско државјанство, но тоа да важи и за актуелниот состав

СДСМ го поддржува предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пратеници да бидат лица кои имаат единствено македонско државјанство, но тоа да важи и за пратениците од актуелниот пратенички состав.

-Исто така, предлагаме пратеници да не може да бидат лица кои се осудувани за кражби во други држави, како на пример лицето Антонио Милошоски, односно лица кои со своите незаконски дела го нарушуват имиџот на земјата. Сепак, поважно од сѐ, наместо да чека законски измени, пратеникот Антонио Милошоски, како осудено и казнето лице во Германија за кражба, за кого се водат предмети пред македонските судови треба да си даде оставка, велат од СДСМ.

Нивната реакција доаѓа по предлогот на опозицијата пратеник да биде лице кое има само македонско државјанство, откако бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов објави список на имиња со бугарски државјанства, кои се совпаѓаат со имињата на функционери од ВМРО-ДПМНЕ, но од опозицијата ги демантираа овие информации.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s