Одбележана 40-годишнината од формирањето на Специјална антитерористичка единица „Тигар“,

Во Касарната „Илинден“ денеска, со положување на цвеќе на споменикот на загинатите борци, подигање на новото знаме, доделување на плакети и прикладни говори од страна на високи функционери, беше одебележана 40-годишнината од формирањето на Единицата за специјални задачи „Тигар“, сега преименувана како Специјална антитерористичка единица „Тигар“.

Во седумдесетите години на минатиот век светот се соочи со тероризмот како нова и специфична безбедносна појава, што ја наметна потребата од формирање на специјални полициски сили. Во овој процес се вклучи и тогашната Југословенска федерација формувајќи специјални полициски сили во сите тогашни Републики. По успешно завршените подготовки, извршено е селектирање на канидати кои на 13 Март 1981 година започнуваат со работа, како одделение на милиција за извршување на специјални задачи. Во текот на 1981/1982 година одделението преминува во Станица на милиција за извршување на специјални задачи. Во 1991 година Станицата на милиција за извршување на специјални задачи се преименува во Полициската станица за извршување на специјални задачи, која во 1992 година го добива називот Единица за специјални задачи. Во 2001 година Единицата зема огромен удел во справувањето со безбедносната криза која ја зафати нашата држава, имаше и значајна улога во пост конфликтниот период интензивно работејќи на подобрување на безбедноста и враќање на довербата на населението од кризните подрачја кон полицијата и безбедносните сили воопшто. Во втората декада на новото столетие, како последица од конфликтите на блискиот исток се појавуваат нови терористички закани, овој пат преку исламскиот радикализам како феномен кој нужно наметна потреба од преструктуирање на специјалните полициски сили воопшто. На почетокот на оваа година како резултат на реформите во МВР и реорганизацијата на БЈБ, извршена е и последната трансформација на Единицата. Целта на оваа трансформација е прилагодување кон новите предизвици во борбата против тероризмот и организираниот криминал како најголема закана на новото време. Денес кога се одбележува јубилејот 40 години од формирањето и континуирано функционирање на единицата официјално ги претставуваме новите обележја и назив на Единицата: -Специјална антитерористичка единица-Тигар.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s