„Шал“ – вистинско музичко освежување од Нокаут!

Познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов, пред околу 2 години, за јавноста откри дека своевремено имал напишано песна со наслов „Шал“, посветена на девојка која била дел од неговиот живот, а за која аранжман направил Никола Перевски-Пере од „Нокаут“…

Можеби помина подолго време, но токму ова музичко парче откинато од непресушната инспирација на Џамбазов и Нокаут, ќе ни ги разубави овие пандемиски денови и ќе ни ги исполни со прекрасни емоции.

Овој пат Игор Џамбазов се потпишува како автор на текстот, музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов и Никола Перевски- Пере, а песната е снимена кај Роберт Билбилов во неговата „Just RB Production“.

„Шал“ е вистинско музичко освежување на македонската музичка сцена, а во нејзината изведба учествуваат и  Горјан Петровски – гитара, Борче Кузмановски – клавијатура, Виктор Николовски – бас гитара, Благоја Антовски – тапани, Горан Кавраков – саксофон и Миа Перевска – пратечки вокали.

И на крај, за да се биде спакувано како што треба, се снимаше и видео спот чија реализација е на режисерот Јован Куциноски.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s