Натпреварот меѓу два тима во четвртата бугарска лига е прекинат по физички напад врз судијата.
Инцидентот почна откако судијата му покажа жолт картон на еден од играчите, а потоа имаше сцени во кои тој избега од теренот во страв за себе , а попатно доби и неколку шамари и клоци.
Играчот на кого му даде јавно предупредување го турна судијата по што капитенот на тимот, се обиде да му го земе картонот . Јавно предупредениот играч потоа го нападна и го удри судијата.
По напуштањето на теренот, судијата свиреше за крај на мечот, но веднаш мораше да истрча кон излезот од игралиштето, а капитенот и другите фудбалери продолжија да го бркаат.