Шпанската актерка која оваа година ќе наполни 47 години, ги изненади своите фанови со новата промена во изгледот.
Според зборовите на фризерите, боб фризурата ќе биде апсолутен пролетен хит, а на овој тренд очигледно не успеала да му одолее ниту Пенелопе Круз.
Актерката споделила фотографија на својот Инстаграм профил и ги изненадила сите со новата, многу практична и шик фризура.
о оглед на фактот што со години ѝ е верна на долгата коса, ваквата промена беше потполно неочекувана, но судејќи според коментарите и лајковите, на нејзините фанови исклучително им се допаѓа оваа промена на имиџот.

