„Zvezde Granda“: Велешанецот Темелков откако не доби ниту еден глас не сакаше да го слуша жирито, им го сврти грбот и си замина (видео)

Шоуто „Ѕвездите на Гранд“ со години наназад е едно од најгледаните музички шоу програми во регионот, но поради постојаните драматични ситуации и караници помеѓу членовите на жирито многумина се прашуваат дали се тоа реални ситуации или пак се се прави само за да има поголема гледаност.

Имено во последната емисија на шоуто бевме сведоци на една таква случка, а од тројца Македонци кои настапија во петтиот круг излезе само еден – велешанецот Александар Темелков и токму тука се случуваше драмата.

За препознатливиот Александар не светна ниту еден тастер за глас од жирито, а со тоа значеше дека тој автоматски го напушта шоуто. Кога требаше да почнат со коментирње, единствено Марија Шерифовиќ кажа дека не било добро и тој тука завршува.

Александар според кажаното помисли дека повторно се шегуваат како минатиот пат кога сакаа да и напраат стрес на неговата менторка Вики Миљковиќ, но не беше така. Темелков не ни сакаше да слуша понатаму, и се заблагодари на Вики, го сврти грбот и си замина.

А како ги отпеа неговите две песни проценете сами на 2:22:05 секунди од видеото

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s