Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска престојува во еднодневна официјалната посета на Република Словенија каде беше пречекана со највисоки почести од страна на нејзиниот домаќин, словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин.


Двајцата министри, соопштија од МО, имале тет-а-тет средба која потоа продолжила со средба на двете делегации, на која станало збор за билатералната соработка во одбраната по членството на нашата земја во НАТО и регионалните иницијативи во безбедноста.


Во попладневниот дел од посетатата Шекеринска имаше средба со претседателот на Словенија Борут Пахор
На средбата во Љубљана со претседателот Борут Пахор ги потврдивме традиционално пријателските односи меѓу двете земји. Претстојното словенечко претседателство со ЕУ е добар сигнал за регионот и шанса за нов самит ЕУ-Западен Балкан.