Ексклузивецот на Урбан Рекордс, младата секогаш интересна, оргинална и преубава Луна, во официјалниот YouTube канал на продукцијата ја промовираше новата песна “Bon Voyage” заедно со видеоспот. Видео спотот е снимен во Скопје на неколку локации, а е во реализација на Луна која се потпишува како режисер на истиот. Камера Били Д, додека истиот го монтираше Никола Наумовски.
Овој пат, зад музиката и текстот стои Луна, аранжманот го подготви Блек Роуз, додека пак миксот и мастерингот е дело на Иван Јованов – Ивајо. A за што поточно станува збор, со задоволство ви препорачуваме подолу да погледнете: