Завршни зборови на обвинителство за случајот „Трезор“ во кој првообвинет е Сашо Мијалков

Со завршните зборови на одбраната и обвинителството влегува во „фото финиш“ судскиот случај „Трезор“ во кој првообвинет е сега притворениот поранешен директор на УБК ,Сашо Мијалков… 

Наместо Министерстворто за внатрешни работида склучи директен договор со британската фирма “ГАМА” за да набави опрема за следење на комуникациите, набавката била договорена преку фирма-посредник „ФИНЗИ Дооел“ од Скопје, со цел да се злоупотребат државни пари, тврдеа обвинителите Трајче Пеливанов и Артан Ајро во завршните зборови за случајот “Трезор”.

Обвинителите велат декa во текот на постапката се докажало оти во периодот од 2010 до 2015 година преку неколку сомнителни договори за набавка со фирмата „Финзи“ се оштетил буџетот на МВР за 860 илјади евра. За обвинителството набавката е незаконска бидејќи обвинетите, меѓу кои е и екс директорот на тајната полиција Мијалков прво ја договориле зделката со британската фирма,а потоа МВР распишала оглас.

Обвинети во случајот покрај Мијалков се и поранешниот шеф на неговиот кабинет , ТониЈакимовски, поранешниот помошник-министерво МВР, Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски. Тројца се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Јакимовски за помагање. По рочиштето адвокатот на Мијалков Љупчо Шврговски заклучи дека обвинителството немало доказ за сторено кривично дело.

Завршните зборови на одбраната се закажани за 29 март… Случајот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s