Жителите на Лактиње направија снежна скулптура на Дејан војвода.Големите количини на снег од околу половина метар, кој на првиот ден од пролетта наврнаа во повисоките предели на малата општина Дебрца кај Охрид, локални жители од селото Лактиње, го искористија да изработат снежна скулптура на познатиот, Дејан војвода, кој потекнувал од овој крај.Дејан војвода, учествувал во Илинденското востание и бил најпознатиот војвода, заштитник на месното население.„Кога денешниот пролетен снег преку креативна идеја ќе го поврзете со славното минато, делото е прекрасно. Снежна скулптура на нашиот војвода ,изработена од вредните раце на нашите соселани.Со почит“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески.



