“Брако” пред премиерот Заев го претстави првото возило за чистење кое целосно работи на водород

Водородот се смета за најчистото еко-гориво, а токму со него се придвижува новото возило за чистење урбани површини, GM 500H2, што денеска беше претставено во Велес. Оваа револуционерна еколошка иновација ја создаде компанијата „Грин машинс“ (Green Machines), чиј доминантен сопственик е велешки „Брако“. Презентацијата на уникатната машина, што воопшто не испушта јаглерод диоксид во воздухот, ја проследија премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за економија, Крешник Бектеши, и Насер Нуредини, министер за животна средина.

Со возилото на водороден погон, „Брако“ потврдува дека е компанија којашто знае како да ја имплементира најмодерната технологија и со неа да биде конкурентна на светскиот пазар. Преку нивната инвестиција од 8 милиони евра, компанијата е позитивен пример за тоа како треба да се движиме напред.

Првото возило за чистење, кое целосно работи на водород и воопшто не испушта јаглерод диоксид, кое ќе се произведува во „Брако“ под брендот „Грин машинс“, денеска беше промовирано во кругот на велешката фабрика во присуство на владиниот врв.

Станува збор за еколошка машина за чистење улици и јавни површини која како гориво користи водород (хидроген) што е складиран во сад под екстремно висок притисок кој заедно со кислородот од воздухот напојува горивна ќелија која генерира електрична енергија што се користи за напојување на електромоторите на возилото

(ВИДЕО) Анѓушев го подучуваше Заев како се вози првото хидрогенско возило за чистење улици

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s