Со високи воени почести денеска во Министерството за одбрана беше пречекан министерот за одбрана на Кина, генералот Веи Фенгхе, кој престојува во официјална посета на Северна Македонија.
На средбата со министерката Радмила Шекеринска била потврдена долгогодишната билатерална одбранбена соработка, која се базира на Спогодбата за соработка од 2004 година, која е особено активна во доменот на военото образование и обука, изучувањето на кинески воени вештини и воените спортови. Покрај другото министерката Шеќеринска од кинескиот министер да се заложи за побрза испорака на кинеските вакцини во Северна Македонија.




Кинескиот министер за одбрана во рамки на официјалната посета на земјата имаше средби со премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски.