Македонија официјално ќе инвестира во гасна централа и гасен терминал во Грција

Република Северна Македонија ќе биде дел од проектот за изградба на терминал за течен природен гас на 17 километир од Александруполи за складирање и гасификација на течниот природен гас со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри, изјави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев, по повод потпишување на меморандумите за реализација на проектите за терминал на течен природен гас, обезбедување капацитет за природен гас и гасната централа Александруполи.

Северна Македонија учествува со 25 проценти во гасната централа на природен гас во Александруполи со 800 мегавати, проценетата инвестиција од над 380 милиони евра, во гасниот терминал 10 проценти учество со вредност од околу 370 милиони евра, поддржан проект од ЕУ, кои според планираното треба да бидат пуштени во употреба до 2023 година.

Станува збор за Меморандум за соработка помеѓу Националните енергетски ресурси „НЕР АД“ Скопје и „Елени Асмина Копелозу“ и Меморандум за соработка помеѓу Електрани на Северна Македонија „АД ЕСМ“ и „Гастрејд“ за закуп на капацитет во терминалот, како и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ“ и „ДАМКО ЕНЕРЏИ“ за стекнување на 25 проценти удел во „Александруполис електрисити продакшан“.

Официјално, нагласи Заев, ја зацврстуваме соработката на полето на енергетика со компании од соседна Грција.

Со потпишаните договори за инвестиции во Александруполи ја осигуруваме енергетската иднина на Северна Македонија. 🇲🇰⚡️Создаваме можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за нашата држава, од каде потоа гасот ќе се дистрибуира и пошироко во регионот.

✅ Учествуваме со 25% во Гасната централа на природен гас во Александруполи која е 800MW, а проценетата инвестиција е повеќе од 380 милиони евра.

✅ Во инвестицијата во гасниот терминал предвидено е да имаме 10% учество со вредност од 370 милиони евра, поддржан од ЕУ. Гасификацијата носи економски и еколошки придобивки, кои се од голема важност и за граѓаните и за компаниите, за животната средина и за општеството во целост.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s