СДСМ – Лажна е веста дека постојат партиски списоци за вакцинација

❗Ова е невистина, лажна вест, целосна измислица со креирана графичка монтажа. Целта е манипулација на граѓаните во услови на пандемија, вештачко создавање негативни емоции и да му наштети на угледот на СДСМ. Тоа нема да го дозволиме. Следуваат и соодветни пријави до надлежните институции.Во моментов оваа монтажа се шири на социјалните мрежи, Фејсбук и Твитер, ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и ако забележат вакви или други случаи, што е кривично дело, лажно претставување, да се обратат до СДСМ преку официјалните канали, за да можеме соодветно да реагираме.❌ Не постои и нема да постои партиско вакцинирање. Тоа е само во главите и опасните умови на подрумите и Фејкњуз лабораториите кои имаат за цел да страда народот. Тоа се истите што ширеа лажни вести за Референдумот, за Пописот, истите кои се во постојана координација со “радикалното” манипулаторско ткиво на структурите блиски до ВМРО-ДПМНЕ и до Левица!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s