Македонија полека се подготвува за масовна вакцинација, која ќе се случува во салата „Борис Трајковски“, а министерот за здравство, Венко Филипче, објави неколку фотографии од тоа како тече целиот процес на подготовка на просторот за овој настан.
Како што истакна тој, подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно. Согласно планот ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот.



