Актерката Милица Стојанова се вакцинираше: Да бидеме одговорни оти друга опција немаме

Македонската актерка Милица Стојанова (89) се вакцинираше против ковид и им порача на граѓаните да бидат одговорни со цел да се стави крај на епидемијата.

„Поминав една војна, онаа Втората светска…Го искусив татнежот и плачот на земјотресот. Видов разни страдања, искушенија, поединечни и заеднички. Но, ова не сакам на зајдисонцето од својот живот пасивно да го гледам. Не сакам да гледам уште една војна со невидливото. Не сакам да гледам тажни, изолирани луѓе кои мораат да заминат од овој свет сами, без своите околу нив. Светот мора да го одблокираме. Мораме повторно да бидеме заедно и спремни да создаваме нови убави нешта. Јас сакам сè уште да се радувам во заедница, а не да самувам“, порача актерката по примањето на вакцината против ковид во поликлиниката „Букурешт“ во Скопје.

До граѓаните упатува апел да не бидат себични и да се вакцинираат, додава дека само грижата за себе е грижа и за другиот.

„Да бидеме одговорни и да се вакцинираме, оти не гледам друго чаре и за себе и за оние околу мене. И да не бидеме себични. Конечно да покажеме разум и солидарност какви што покажуваат овие прекрасни здравствени работници кои денес беа со мене, а секојдневно се обидуваат да спасат стотици и илјадници животи. Да покажеме доблест барем кон нив. Да покажеме доблест кон животот и кон секој еден во заедницата, затоа што грижејќи се за себе се грижиме за другиот“, вели актерката.

Преку театарските и филмските улоги на Стојанова растеа и растат многу генерации, почнувајќи од улогите во „Исправи се Делфина“, „Среќна Нова 49’“, „Тетовирање“, „Пред дождот“, „Збогур на 20. век“, „Прашина“, па се до краткиот филм „Види ја ти неа“.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s