Почна да функционира првата електронска продавница на А.Д „Пошта на Македонија”

www.postashop.mk – првата електронска продавница на А.Д. „Пошта на Македонија” веќе е активна, соопштија од компанијата.

Потрошувачите во моментов можат да изберат помеѓу повеќе од 60 различни артикли на повеќе домашни и странски брендови, велат од таму.

Од компанијата велат дека „Пошта шоп” е шанса за сите, особено за малите компании да имаат e-платформа, а за сите филателисти платформата нуди и можност за купување на поштенски марки. Доставата се врши како експресна пратка преку ЕМС службата, а рокот за достава е 24 часа во Скопје и 48 часа низ цела Македонија, не сметајќи го денот на прием на нарачката.

– Уште 10 нови производи следните денови ќе станат дел од понудата на нашата онлајн продавница, а во завршна фаза само во моментов се и 7 договори кои Пошта ги склучува со нови соработници. Продолжуваме со силно темпо да ги следиме и воведуваме сите меѓународни трендови, а со тоа и да го трасираме патот на Пошта да стане клучен доставувач во домашниот пакетски сообраќај, истакна Макрадули.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s