Бурни реакции во јавноста по веста дека Владиците Агатангел и Петар повеќе од десетина дена се лекуваат од Ковид 19 во приватна клиника.
Откако добиле позитивен тест на Ковид 19, дел од медиумите објавија дека се сместени на болничко лекување во приватната болница Систина.
Владиката Петар на прашање на тв 24 не сакаше да одговори зошто се лекуваат приватно, а не државно. Вели целта на јавноста сега е актуелните состојби во општеството да се свртат кон нив – додава како и сите болни луѓе така и тие се хоспитализирани.
„Не сум јас во состојба целосно излекувам, па да можам сега да дискутирм. Еве слушна јавноста во болница сме, и тоа е доволно. Јас се лекувам во јавното здравство. Сега се гледа дека станува збор за сериозна болест сум дошол тука да се лекувам, нема што повеќе да се коментира тука.“ – изјави владиката Петар.
Според информациите до кои дојде ТВ24, свештениците се осигурани како трговци поединци, а владиците како административци, што значи дека тие се здравствено осигурани. Лекувањето од Ковид 19 во приватна клиника може да надмине и над десет илјади евра.
Доктор Нико Беќаровски вели да се лежи од 23 март во приватна болница од „превентивни причини” е одраз на „христијанска скромност” на нашите владици.
„Да се лежи од 23 март во приватна болница од “превентивни причини” е одраз на “христијанска скромност” на нашите владици. Човекот кој јавно ме прекори дека вистински верник, не може да заболи од корона, сепак и самиот се разболе. Јас ќе му посакам што побрзо КОМПЛЕТНО оздравување и конечно да започне да шири верба, а не недоверба кон апелите од здравствените работници.“ – напиша на фејсбук доктор Нико Беќаровски.
Реагираше и поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, како и професорката Мирјана Најчевска.
„Прво, држи кревет на некој на кој навистина му треба. Второ, покажува апсолутна недоверба кон шефот. Трето, од каде бре толку пари кај некој кој се откажал од материјалното во име на духовното?“ – напиша Најчевска на фејсбук.
И покрај сите апели од надлежните за сериозноста на здравствената состојба, сепак, црквите не престанаа црковни служби во храмовите за време на пандемијата.
Минатата година кон крајот на месец март, со благослов на митрополитот повардарски Агатангел, во сите градови и населени места од Повардарската епархија се попрскуваа улиците со света вода, се читаше молитва и се бараше благослов од Бога за престанок на глобалната пандемија и на погубната зараза со коронавирус. Тогаш спротивно на препораките на здравствените власти, покрај осветувањето на улиците, дел од свештениците ги повикуваа верниците да одат во цркви, да се причестуваат и да ги бакнуваат иконите.