ВМРО-ДПМНЕ ги повлече амандманите на Законот за државјанство на Алијанса и Алтернатива со цел да се облокира 5 пакет економски мерки. Пратеничката група на партијата се реши на ваков чекор само ден откако СДСМ и алабанската опозиција направија чекор напред за ново решение за статусот на лицата кои не можат да стекнат македонско државјнство.
Мицевски вели дека не очекува СДСМ да го изгира потег со повлекувањето на амандманите и да го гласа законот на Алијанса и Алтернатива со кој државјанство би можело да се добива само со сведоци бидејки постојано имало изјави дека тоа не е прифатливо за нив.
Албанската опозиција вели дека по деблокадата и тие сега ќе ги повлечат амандманите на економските мерки.
Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ морало да биде притиснато за да направи ваков чекор.
Повлекувањето на амандманите на Законот за државјанство ги потврдува информациите дека постоел договор помеѓу АА и ВМРО- ДПМНЕ затоа што крајно симптоматично како сега ВМРО-ДПМНЕ одеднаш на ист текст на Законот немаат забелешки… Ова однесување на ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ за нивната неодговорност и несериозност пред граѓаните. Ако тие навистина беа подготвени за поддршка на граѓаните и компаниите немаше да ја напуштат седницата кога се носеше Буџетот за 2021 година.
По потезите на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса и Алтернатива, законите од 5 пакет можат да се донесат уште денеска, а најдоцна до петок.