13 илјади тони линдан од дворот на фабриката Охис ќе се вади со посебни протокли и ќе се изнесе надвор од Македонија.
Постапката треба да започне за еден месец. Владата на вчерашната седница го одобри планот за чистење на малата депонија. Грчката компанија „Полиеко“, беше одбрана на меѓународен тендер со помош на УНИДО, и го доставила планот за чистење на малата депонија со линдан.
Владата му наложи на Министерството да донесе Решение за одобрување на планот.Од државниот инспекторат за државна средина вели дека чистењето ќе биде според одредени услови и протоколи.
Од владата објаснија дека линданот ќе се уништи во Франција, а во Холандија околу 700 тони на контаминирана почва со линдан. Во првата фаза ќе се чисти само малата депонија , наредни за отстранување се големата депонија во Охис и депонијата во близина на скопско Драчево кај местото Пеленица.
Досегашните истражувања покажуваат дека линданот го има во воздухот од Центар до Ѓорче Петров, а мостри има и во почвата и подезмените води околу Охис. Овој отпад е остаток од производството на пестицидот Линдан, кој се произведувал во фабриката Охис.