„Инаморана“ е новиот дует на Тончи Хуљиќ и Петар Грашо. По десет години, двајцата музичари, кои имаат длабоко пријателство, повторно ги здружија силите. Автори на песната се брачниот пар Тончи и Вјекослава Хуљиќ. Се работи за тажна љубовна песна, но исто така и убава приказна за минувањето на времето и незаменливата потреба да се за заљубиме.
Се работи за песна со длабоки емоции, придружена со одлично видео кое го режираше Војан Коцеиќ, а за кое Тончи Хуљиќ го напиша сценариото. Спотот е снимен во стариот дел на Сплит, а покрај Тончи и Грашо се појавува младата актерка и радио водителка Петра Капор.