(Видео) Заев ги повика Македонците во Албанија: Гласајте за Васил Стерјовски и Еди Рама на изборите на 25 април

Премиерот Зоран Заев преку видеопорака ги повика Македонците во Република Албанија да гласаат за Еди Рама и за македонскиот кандидат Васил Стерјовски на парламентарните избори на 25 април.

– Република Албанија на 25 април ќе одржи парламентарни избори, а еден од кандидатите на листата на Социјалистичката партија на мојот драг пријател Еди Рама е и Васил Стерјовски, Македонец. Васил во изминатите две години беше дел од Парламентот во Албанија и е вистински репрезент на интересите на Македонците коишто живеат во Албанија.

Историски беше денот кога Васил Стерјовски стана првиот македонски пратеник во албанскиот парламент. Важен ден е и 25 април, денот кога вашиот глас, како Македонци во Република Албанија, ќе го дадете за Васил, за да продолжи со својата мисија да ги претставува Македонците во парламентот на Република Албанија, рече меѓудругото Заев.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s