На денешен ден …16 април 1945 година е избрана првата Влада на Демократска Република Македонија…

Историјата на македонската државност денеска потсетува на значајни денови, како што е 16 април 1945 година, кога е избрана првата Влада на Демократска Република Македонија во составот на ново-формираната југословенска федерација.За претседател на владата е избран Лазар Колишевски, а во нејзиниот состав влегоа уште Љупчо Арсов, како прв потпретседател и министер за финансии, Абдураим Мехмед како втор потпретседател, Кирил Петрушев – министер за внатрешни работи, Никола Минчев – министер за просвета, Павел Шатев – министер за правосудство, Страхил Гигов – министер за индустрија и рударство, Тодор Ношпал – министер за трговија и снабдување, Богоја Фотев – министер за земјоделство и шумарство, Вукашин Поповиќ – министер за народно здравје, Неџат Аголи – министер за социјална политика и Георги Василев – министер за градежништво.На овој ист ден, 16 април 1991 година во Собранието на Социјалистичка Република Македонија е усвоен нацрт-амандманот за бришење на атрибутот „Социјалистичка“ пред името на нашата држава, кој потоа беше верификуван и усвоен во Уставот на Република Македонија на 17 ноември 1991 година, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност.Во меѓувреме, до денес, Република Северна Македонија, со заложбите на прогресивните генерации народни избраници и политички претставници, ги вгради сите неопходни и институционални и идентитетски атрибути на една самостојна и суверена држава според стандардите на меѓународното право и ги изгради сите капацитети за да го чува и афирмира својот суверенитет во меѓународната заедница.Денес Република Северна Македонија, со одлука која произлезе од нејзината сувереност и право самостојно да одлучува за својата меѓународна позиција, поттикната од слободно изразената волја на народот и низ политичките институции, е членка на НАТО. Како рамноправен партнер во најмоќниот безбедносен и политички сојуз Северна Македонија ги дели вредностите на Алијансата, а како кандидат за членство во ЕУ ги делиме и промовираме европските вредности. Оваа година одбележуваме и 30 години сопствена независна држава, како мозаик од вредности, традиции и погледи кон иднината.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s