Откако Владата ја објави листата на лица кои се тековно ангажирани преку авторски договори за специфични задачи кои не може да се обезбедат од редот на вработените, на социјалните мрежи започна диригирана хајка против лицата ангажирани хонорарци.
Во тоа, како и многупати претходно предничеше лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев, кој на нему својствен начин – со погрдни зборови и експлицитен говор на омраза се нафрли врз ангажираните хонорарци, нарекувајќи ги МРШОЈАДЦИ.

На социјалните мрежи го потсетија Апасиев на неговите двојни аршини и толкувања, кога тој се правдаше за ангажманот и земените хонорари од СЈО, изјавувајќи дека од хонорарите ранел фамилија.
