Дваесет и седум годишен пациент на дијализа добри бубрег од почината донорка. Претпладнево успешно заврши првата трансплантација на бубрезите кои вчера доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за Урологија, соопшти Министерството за здравство.
Во моментов во тек е втората трансплантација кај 40- годишен пациент со хронична бубрежна болест кој исто така ќе добие бубрег од починатиот донор.