Учеството на пратениците во скафандери на собраниската седница од посебна кабина е според протокол донесен уште од јули 2020 г., а дополнет во ноември. Во документот се уредува под кои услови пратениците кои се во домашна изолација, а немаат симптоми, може да присуствуваат на собраниска седница и да го остварат правото на глас.
Денеска пратениците Бисера Костадиновска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ, на кои им е одредена домашна самоизолација, учествуваа во работата на парламентот и гласаа по точките од 32. и 36. седница. Тие беа облечени во заштитни скафандери, носеа заштитни ракавици и маски и беа сместени во специјалните кабини над салата во која вообичаено се одвива седницата.
