Лука Андраши се приклучува на Твитер во јануари годинава. Соопштува дека работи на проект за мониторинг на високи јавни службеници во земјава, а сите останати твитови му се коментари за случувањата на политичката сцена. Твитовите завршуваат на дел од македонските портали, кои Андраши го цитираат како хрватски експерт кој работи на проект на Европската Унија
Од Делегацијата на ЕУ во Скопје велат дека не менаџираат таков проект, а се сомневаат и дека такво лице постои. Извесниот Лука Андраши е непознаница и за најголемите билатерални донатори од Европа – Шведската, Холандската и Британската амбасада. За проектот не слушнале ниту во Хрватската амбасада. Случајно или не, по објавувањето на најавата за емисијата 360 степени, извесниот Лука Андраши „се збогува“ со Македонија