Автопатската делница Катланово-Петровец се проширува со уште една лента

Автопатската делница Катланово-Петровец се проширува со уште една лента. Инвестицијата во активностите за рехабилитација и проширување на делницата во должина од 10 километри изнесува 7,2 милиони евра.

-Оваа делница од Коридорот 10, дел од европските коридори, за нас е многу значајна транзитна патна врска и ова е начинот како да воспоставиме квалитетен, модерен и безбеден автопат ако сакаме да ја одржиме стратешката позиција на земјава во делот на транзит на овој Коридор, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при денешниот увид на активностите на терен.

Како што информира Бочварски, претходно се реконструираше дел од десниот коловоз и поставен е прв слој на асфалт. Моментно се работи на левиот коловоз, како и на изградба на уште една нова коловозна лента. Исто така и на десниот коловоз се планира изградба на трета лента каде што недостасува, така што, нагласи министерот, очекуваме оваа делница да стане ново модерно автопатско решение.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s