Втората фотоволтаична централа со моќност од 1,2 мегавата, која е дел од триделниот фотоволтаичен парк со 2,2 мегавати, денеска беше пуштена во употреба во селото Теново во Општина Брвеница. Таа е една од вкупно 27-те централи кои склучија договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во приватна сопственост на јавниот повик што беше објавен во 2019 година.
Првата централа од 0,6 мегавати, како што истакна инвеститорот Владе Самарџиевски од „Енергоер груп“, веќе работи неколку години, а третата од 0,4 мегавати е веќе изградена и е подготвена за технички преглед. Трите централи се изградени на вкупна површина од 20 илјади квадратни метри, неплодно и некорисно земјиште кое е откупено од државата, каде се поставени 6.170 фотоволтаични панели со различен капацитет и три трафостаници. Вкупната вредност за изградба на овој парк изнесува 1,6 милион евра.
– Трите централи ќе дадат вкупно производство од околу 3,1 гигават часови што би ја задоволиле потрошувачката на електрична енергија за приближно околу 450 станови и домаќинства. Горди сме што централите ги изградивме во најкраток рок на тежок и непристапен терен на неупотребливо земјиште за други намени. Се надевам дека ова ќе биде добар пример и поттик за нови инвестиции во зелена енергија како на фирмите, така и на Владата, рече Самарџиевски и се заблагодари на Владата која, како што рече ги охрабрила да инвестираат во овој вид на објекти и им овозможила при продажбата