Дорис Драговиќ на денот на својот роденден им подари на своите обожаватели нова песна.
„Sna’c cu se ja“ е насловот на новиот сингл на сплитската дива, на која како автори на музиката и текстот се потпишуваат Иван и Вјекослава Хуљиќ.
Со прекрасен текст и одлична модерна мелодија, а со својата позитивна и сугестивна интерпретација, Дорис Драговиќ, животната тема која ја живееме секој ден ја претвори во уште еден безвременски хит.