Музичкиот автор и инструменталист Никола Мицевски го промовираше својот прв сингл „Круг“. Токму со овој инструментал тој го најавува својот прв албум „New Era“.
„Горд сум на ова дело затоа што во него е собрано целото мое музичко и животно искуство. Животот e круг… исполнет со разни нешта. Секој нареден почеток е ист како претходниот, но секој пат искуството (каменот) е поголемо и тоа нè води кон врвот на тоа што сакаме да го имаме и постигнеме“, напиша Мицевски на социјалните мрежи.
Маестро Мицевски го придружуваат: Зоран Костадиновски – гитара, Иван Кукич – Бас, Благоја Антовски – тапани, Петар Христов – сопран саксафон. Гудачката секција е во состав: Владимир Крстев, Илија Филиповски, Верица Ајтовска, Дијана Мирчевска, Марија Трајковска, Емил Чичоновски. Видеото во кое има одлични автентични сцени и кадри, го направи Даниел Јовески.