Независниот синдикат на одбраната доби нови простории во зградата на Министерството и Генералштабот. Борбата за унапредувањето на правата на нашите вработени е заедничка и природно е да бидеме поблизу. Досега постигнавме многу и направивме сериозна разлика. По зголемувањето на платите, стандардот, редовната исплата на станарината, личната опрема и многу исправени неправди, во очекување сме на пратеничката поддршка на измените на Законот за служба кои носат дополнителни поволности и решени прашања. Партнерството со репрезентативниот Синдикат продолжува бидејќи луѓето во одбраната тоа го заслужуваат – напиша министерката Шеќеринска на Фејсбук.