Постепено го менуваме производството на електрична енергија од јаглен со производство на електрична енергија од обновливи извори .
Дадовме согласност за избор на најповолна понуда во постапката за воспоставување јавно-приватно партнерство за две фотонапонски електроцентрали, што ја спроведе АД ЕСМ. За најповолни се избрани понудите на компаниите „Фортис Енерџи Електрик“ од Турција и „Соларпро холдинг“ од Бугарија, кои на местото не некогашната термоелектрана Осломеј треба да изградат по една фотонапонска електроцентрала од 50 MW.
Дополнително, Владата донесе повеќе одлуки за давање долготраен закуп на градежно земјиште во сопственост на Северна Македонија во Свети Николе, за изградба на електроцентрали за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, односно фотонапонски електрични централи – напиша Премиетот Заев на Фејсбук.