Славното музичко дуо Драган Спасов-Дац и Александар Митевски, токму на роденденот на нивниот хит „Корона Чао“, ја израдуваа публиката со нова преработка, насловена „Вакцина“.
Понесени од актуелната тематика, вакцината против ковид-19, Дац и Митевски ја создадоа нумерата „Вакцина“, кавер верзија на „Марина“ од Роко Граната. Специјален гостин во нумерата „Вакцина“ е Денис Јанкуловски – Космонаутко.
„Пристигна ВАКЦИНА за добро расположение! 💉 И тоа како подарок за вас, на денешниот роденден на “Корона Чао” 😊Убавите идеи се раѓаат наеднаш, од никаде, од секаде…“ – пишуваат музичарите под објавата на премиерата на песната.
„Ќе светне како сијаличка и треба да ја зграпчиш и да се зафатиш со неа, за да излезе онака како што посакуваш.
Сѐ се сними и направи за еден ден, како што обично знаеме. Но, насмевката на лице и доброто расположение ќе ви траат со денови и месеци 😊 Ова е една наша идеа на која не и дозволивме да ни побегне 🙂 Ширете ја насекаде
Искрено се надеваме дека трудот не беше залуден. Ве сакаат Александар и Дац“, порачаа Дац и Александар кои веќе цела година во време на пандемија он-лајн ја забавуваат јавноста со својот музички талент.
Слушнете ја „Вакцина“: