Писта за беспилотни летала доби воениот полигон Криволак. Таа е дел новите изградени содржини на полигонот, на кој за неполн месец ќе започне меѓународната вежба „Одлучен удар 21“.
На неа ќе учествуваат околу 2.000 припадници од армиите на САД, Грција, Бугарија и Македонија. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и амбасадорката на САД во земјава Кеј Мери Брнз денеска го посетија полигонот и лично се уверија како се одвиваат градежните работи. Шеќеринска порача дека од Криволак се создава полигон не само од македонска и регионална вредност, туку и вредност и шанса за Алијансата.
Вежбата „Одлучен удар 21“ е продолжение на ланската, која беше најголема одржана во земјава. За таа цел деновиве Криволак е претворен во градилиште. Се градат магацини за поддршка на вежбите и две стрелишта за оклопни возила со подвижни и со неподвижни метикои ќе бидат ресурси за секоја следна вежба.
Американската амбасадорка Брнз вели дека земјава го препознала потенцијалот на овој плогион и заложбите тој да се развие во полигон за АРМ, но и за НАТО.
Вежбата „Одлучен удар 21“ ќе почне на 17 мај, а ќе трае до 2 јуни.